

Австриската делегација која денес беше во посета на Охрид се запозна со еден од најстарите традиционални занаети – филигранството.
Презентирање на македонската традиција и култура преку најстариот занает филигранството од страна на филигранистите Павлина и Петар Шикалески од Охрид пред австрискиот претседател Ван Дер Белен, неговата сопруга Дорис Смидауер и австриската министерка.
Воедно беше преставен и македонскиот рубин. Изработен беше традиционален брош пеперутка со македонски рубин кој и беше подарен на првата дама од Австрија.
-На првата официјална посета на австрискиот претседател Ван дер Белен и неговата сопруга Дорис Шмидауер на нашата земја ни беше укажана честа да ја претставиме традицијата и културата ,филигранот и Македонскиот рубин, велат од ПС Шикалески.