Во петок велосипедски ден во Струга

„Critical Mass Struga“ во петок, на 31.03.2023 година, ги повикува сите љубители на велосипедизмот  на градскиот плоштад во Струга, во 16:30 часот.

Ова нова традиција во нашиот регион, организација на „Critical Mass Struga“, ќе се собереме на градскиот плоштад во Струга, и ќе одиме околу градот секој месец по улиците на Струга. Ова е само почеток на една стара традиција која ќе се повторува секој месец.
Целта на оваа активност е да се подигне свеста кај возачите, да се зголеми желбата на граѓаните за велосипедизмот и да бидеме пример за поеколошки град.

Critical Mass е спонтана организација на велосипедисти, што се одржува со години во многу градови низ светот. Велосипедистите се среќаваат во последниот петок на секој месец. Групата прави долг круг по градските улици, славејќи, но истовремено протестирајќи за правата на велосипедистите.
Critical Mass е општествено движење, не формализирано во типични форми на здруженија, организации или деловни активности. Не постои никаква хиерархија, што значи дека нема водач или одговорно лице за групата. Единствената формализација на активноста е прелиминарно утврдување на распоред за состанок на велосипедисти, како и едноставен план што треба да се следи. Нема официјален претседател кој ги донесува овие одлуки, туку едноставно гласот на сите учесници, кои одлучуваат на место и го шираат зборот во градот.
Честопати, велосипедистите кои ја водат групата донесуваат одлука за промена на планот, по што следи целата група. Начинот на кој работи Critical Mass често се нарекува „организирана случајност“.
Ова е организирано од љубителите на велосипеди и љубители на спортот.
Велосипедистите ќе возаат низ овие улици:
1. Туристичка, 2. Марки на Енгелс
3. Партизански, 4. Кеј Борис Кидрич
5. 15-ти Корпус, 6. Владо Малески
7. Пролетерска бригада, 8. Боро Хаџиески идр.
Вкупно 5 км.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани