

Согласно Програмата за поддршка на локалниот економски развој на општина Охрид за 2023 година, општина Охрид објави јавен повик за субвенционирање на регистрирани занаетчии на подрачјето на општината.
Предмет на Јавниот повик е субвенционирање на дефицитарни занаети и занаети во изумирање регистрирани во Регионалната занаетчиска комора – Охрид на подрачјето на општина Охрид.
Висината на субвенциите за оваа категорија е максимални 12.000 мкд. 2.Право на учество на јавниот повик имаат: Занаетчиските дејности кои се дефицитарни занаети и занаети во изумирање регистрирани согласно Законот за Занаетчиство како физички и правни лица (‘’Службен весник на РМ’’ бр.15/2015;215/21): – Опинчари, Четкари, РТВ механичари, Чевлари, Валјачарство, Клучари, Свеќари, Изработка на хартија, Книговезни и сродни услуги и производство на куфери, рачни торби и слични предмети). – Сите регистрирани занаетчии од овие дејности кои имаат сопствен дуќан или под закуп лоциран на подрачјето на општина Охрид – Занаетчиите кои имаат намирени обврски кон општина Охрид, (комунална такса – фирмарина) за претходната година заклучно со датата на поднесување на барањето – овие податоци Комисијата надлежна за спроведување на повикот ќе ги обезбеди по службен пат. – Започнале со работење најмалку 1 (една) година пред објавувањето на јавниот повик (регистрација/упис во Регистарот на занаетчии)