

Охрид располага со 600 паркинг места, а во лето се обезбедуваат 900 паркиралишта.
Во зима овие паркинзи се доволни да одговорат на потребите на граѓаните, но во лето недостигаат, потребни се повеќе, вели директорот на ЈП „Билјанини извори“ Теодор Андоноски. Најголемиот проблем се ударните празници кога во Охрид има голем наплив на туристи.
-„Поради реконструкцијата на ул „Македонски Просветители“ паркинг местата се намалени на повеќе од половина. За да се надополни недостигот на паркинзи како сезонски паркинг се користи улицата кеј Македонија, но тоа ќе биде до 15 мај. После 15 мај до крај на октомври таа улица е наменета за шеталиште“, вели Андоноски.
Во однос на цените на паркирање јавното претпријатие воведе летна и зимска тарифа. Во лето цените на премиум зоната се повисоки, но во зимскиот период се пристапни за граѓаните.
Катна гаража ќе го реши проблемот со недостигот на паркинг места. Особено на локацијата кај градскиот пазар со што би се решил проблемот во сообраќајот на стариот дел од градот.
-Мислам дека изградбата на катна гаража кај пазарот, ќе реши голем дел од проблемите со паркирање, вели Андоноски.
ВИДЕО: