

Опожарена трска во Калишта. Нова сезона стари проблеми. Секоја пролет се повторува истото, се спалува трската во струшко.
-„На 31.03.2023 година околу 15 часот, во ОВР Струга пријавено е дека во крајбрежниот езерски појас од Струга кон селото Калишта, настанал пожар на нискостеблеста вегетација и трска, во должина од околу 200 метри. Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Струга“, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.