Недостигаат судии во судовите во регионот

Во кичевскиот суд недостигаат судии. Наместо потребните 17 согласно систематизација, Основниот суд во Кичево работи само со седум судии.
Ваквата состојба ја отежнува функционалноста и ажурноста на судот, бројот на предмети е голем, не се решаваат брзо и навремено, велат од Адвокатската комора. Дополнително загрижува тоа што уште тројца судии заминуваат во пензија.

-„Моментачно судов функционира само со седум судии, од кои тројца од месец септември заминуваат, така што судот во граѓанските предмети ќе функционира само со претседателот на судот и ќе има тројца судии што ќе судат кривични предмети“, вели Хамдије Адеми Тафа потпредседателка на адвокатска комора.

Недостиг на судии има во целиот Југозападен регион во земјава. Судскиот совет распиша оглас за избор на 31 судија во повеќе судови во земјава, без Скопје. Кандидатите можат да конкурираат за шест места во Судот во Прилеп, четири во Струга, по три во Битола и Кичево, по две во Крушево, Охрид, Тетово.

Секој судија има над 500 предмети во постапка, а граѓаните се револтирани за пресуда чекаат предолго.

-„Нашите клиенти бидјеќи се жалат за предметите и се во право бидејки се одолговлекува предмет поради тоа што судијата не може да го закаже предметот во законски рок и нормално има жалби од страна на клиентите“, вели Адеми.

Судскиот совет на последната седница донесе одлука за вработување на тројца судии во Основниот суд Кичево, но тие не се доволни. Адвокатската комора даде предлог за измени во законот, судии да може да бидат и искусни адвокати.

„Ние како Адвокатска комора апелираме до Судскиот совет и до законодавните органи да го разгледаат барањето за измена на законот каде за судии може да се избираат адвокати и судски соработници во судот, за да не дојде до судски колапс. За крај, велам дека овој недостиг од судии директно ни штети нам како адвокати, бидејќи со недостигот на судии рочиштата се одолговлекуваат и траат повеќе отколку што е предвидено со законски норми“, додава Хамдије Адеми.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани