Видео репортажа: Еден ден во репро-центарот на елени во НП Галичица

Чистиот планински воздух и прекрасната снежна глетка на надморска височина од 1600 метри на локалитетот „Косто Бачило“ во Националниот парк Галичица ја надополнуваат моќта и убавината на природното богатство со кое изобилува планината. Од Галичица има импресивен поглед но и амбиент кој ве прави да се чувствувате добредојдено и восхитено.
Се искачивме од страната на Стење, село во Општина Ресен вгнездено во источното подножје на планината Галичица. За време на патувањето по ново- направениот планински пат Галичица не плени со сета своја раскош. Магловито утро, но сепак пријатно и свежо. Поради снегот патувањето до Центарот за репродукција на елени, го продолживме со специјално теренско возило за движење по снег.

Репродуктивниот центар е место каде живее Европскиот елен кој со својот оригинален и привлечен изглед го носи епитетот „Крал на шумите“. Тој е вистинска атракција на Галичица.
Еевропскиот елен се врати во Националниот Парк во 2019 година по неколку децении пауза, кога речиси беше доведен до работ на истребување.
Репро-центарот е опремен со модерна инфраструктура карантин, хранилишта, поилишта, солишта и набљудувачници. 90-те хектари се оградени со две и пол метарската жичена ограда која ги штити елените од опасностите од дивиот и суров свет.

Во тој безбеден за нив простор елените развиле совршено чувство кога треба да дојдат до местото за прихрана но и страв при најмал шум да избегаат. Иако изгледаат ненаметливо тие пленат со својата убавина, па погледот тешко можете да го одвоите од нив.

ВИДЕО репортажа:

Александар Гугоски, најмладиот ренџер во заштитените подрачја во државата е голем љубител на планината но и повеќе од тоа. Вели дека денот работно му почнува од 7 часот наутро но никогаш не се знае кога завршува. Со гордост во гласот.се чувствува како Александар раскажува за работата која ја извршува со љубов, а елените ги сака поради особено нагласената убавина и нивната недоверба кон се што е непознато во околината.

Нема достапен опис

„ Во периодот од седум часот до осум имаме координативен состанок со раководителите, добивање задачи по што следи заминување на терен. Секој ренџер го знае времето на почеток на неговото работно време но не го знае и крајот.  За мене работата како чувар или ренџер во Националниот парк претставува обврска и приоритет за заштита и подигнување на едно високо ниво на заштитата на нашите предели. Секој ден на секој ренџер е различен, динамичен. Ние се соочуваме со разни предизвици. Всушност кога ќе заминеме на терен не знаеме што нас не очекува но сме спремни да одговориме на секој предизвик“, вели Гугоски.

 

Лазе Ужановски, одговорен на реон на Преспанска страна и Репро-центарот за Европски елен како ренџер работи долги години. Ги познава сите карактеристики на ова животно за кое вели дека е фасциниран од неговото достоинство и грациозност. Елените како да се навикнале на него. Тој е еден од ретките кој воспоставил таков однос со нив, да може за миг да им се приближи. Вели дека ги чувствува како свои.

Нема достапен опис

-„Се наоѓаме во Репродуктивниот центар за одгледување на Европски еленили Горски елен во Национален парк Галичица на 1 600 метри надморска висина на локалитетот „Косто бачило“. Четврта година по ред е каде се одгледува Европскиот елен. Започнавме со 24 женки и 6 мажјаци. Во моментов имаме околу 100 единки а очекуваме и оваа година да имаме принова, односно околу 50 млади елени и ќе постигниме бројка од 150. Планираме за оваа година дел да се пуштат во природа“ , вели Ужаноски.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани