

Охриѓанец со остар предмет повреден во угостителски објект.
-Денеска (05.04.2023 година) во СВР Охрид, пријавено e дека во 02.40 часот, во Општата болница во Охрид, со повреди бил донесен А.Ј. од Охрид. Според пријавеното, тој бил повреден при физички напад со остар предмет во угостителски објект во Охрид. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.