

Се реконструираат потпорни ѕидови во Вевчани.
-„Во рамките на Програмата за изградба, реконструкција, заштита и одржување на локални улици и патишта на територијата на општина Вевчани за 2023 година, во тек е активност за реконструкција на потпорен ѕид на пристапна улица во Вевчани. Поради дотраеноста и целосната амортизираност потребно е реконструкција на потпорни ѕидови на одредени локални патишта и улици на територијата на општина Вевчани. Дополнително, во тек се активности за изработка на техничка документација за реконструкција на пристапната улица Костојчини-Шекуткој“, информира градоначалникот Спасе Кочоски.