

Денеска е објавен Јавниот повик за субвенционирање на граѓаните за набавка на модерен систем за затоплување – инвертер клима уред за 2023 година.
Општина Охрид со цел да ги стимулираме жителите на општина Охрид (домаќинствата) за примена на посовремени уреди за затоплување на своите домови, кои се поекономични, енергетски поефикасни и еколошки прифатливи за околината, на жителите кои имаат купено посовремен уред за затоплување – инвертер клима уред во 2023 година ќе им надомести дел од трошоците направени при набавка на уредот во висина од 50%, но не повеќе од 15.000 денари со вклучен персонален данок на доход по домаќинство.