Цените на аранжманите во хотелите на брегот на Охридското Езеро повисоки за над 30%

Оваа сезона цените на аранжманите во хотелите на брегот на Охридското Езеро ќе бидат повисоки за над 30%.

Тоа се должи на поскапувањето на сите производи, енергенсите, а најмногу на повисоките плати за персоналот. Замрзнувањето на цените на дел од прехрамбените производи нема да ги намали цените на услугите во хотелскиот сектор, велат од ХОТАМ.
И покрај поскапувањето на хотелските услуги, земјава останува најевтина дестинација во регионот.

-„Уште стоиме како една поевтина дестинација. Покрај сите поскапувања кои ги имаме на Балканот сме уште една од поевтините дестинации. Нема повеќе 20 и нешто евра за ноќевање, туку е 30 и нешто евра, а некаде и повеќе“ , вели Крсте Блажески претседател на ХОТАМ.

И покрај инфлацијата и кризата, оваа сезона се очекуваат голем број туристи. Климата на туристичкиот пазар е позитивна, оценуваат од хотелската асоцијација – ХОТАМ.

-„Најбројни ќе бидат  холанѓаните.Се очекуваат пет, а се споменуваат до осум – девет летови неделно од Холандија. Ќе ги имаме турските гсти, полските гости, ТУИ Англија се внесува ќе  имаме повеќе англичани годинава“ , додава Блажески.

Хотелите на брегот на Охридското езеро после неколку месечната пауза ги отворија вратите за туристи. Пролетва актуелен е конгресниот туризам.

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани