

ЈП Градски Пазар Охрид заедно со Општина Охрид на ден 13.04.2023 година (Величетврток), со почеток во 11.00 часот, на плоштадот Крушевска Република,го организира седмиот по ред Велигденски базар.
-„Ги повикуваме сите заинтересирани производители и продавачи да земат учество на базарот со изложување на своите велигденски украси и сувенири како и традиционални македонски специјалитети(ѓомлезе,питулици,торти,колачи).
Сите заинтересирани производители и продавачи, своето учество на базарот можат да го пријават во административните простории на ЈП Градски пазар најдоцна до 10.04.2023 година или на тел: 076 267 909“, информираат од ЈП Градски пазар.