

Две лица од Охрид фатени со марихуана.
На 07.04.2023 во 01.25 часот, на локалниот пат за охридското село Велестово, полициски службеници од СВР Охрид ги лишија од слобода А.Д.(29) од Охрид и С.К.(26) од охридското село Велгошти. При контрола на патничко возило „фиат пунто“ со охридски регистарски ознаки, во кое се превезувале, кај нив пронајдена и одземена е марихуана. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.