Сликан рис во НП Галичица

Повторно сликан рис на фотозамка во Национален парк „Галичица“

-После  педесетина години пауза, балканскиот рис за прв пат беше забележан во НП „Галичица“ во 2020 година. Во последните три години, ова е осмо забележување на рисот на територија на националниот парк. Потикнати од неговото присуство, ЈУНПГ заедно со МЕД/MES, во 2021 и 2022 година спроведоа мониторинг за утврдување на бројност на популации на срна и дива коза во НП „Галичица“. Тоа се видови кои претставуваат омилена храна на балканскиот рис. Во периодот кој следи, ќе бидат поставени дополнителни камери, со цел полесно утврдување на вкупната бројка на единки на балкански рис и други крупни цицачи. Секако, нема да изостанат ниту мерките за заштита на живеалиштата на балкански рис и директно спречување на криволов во НП „Галичица“, информираат од јавната установа.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани