Стружани сакаат да се гради ски центар на Јабланица

Стружани сакаат да се изгради најавениот ски центар на Јабланица. Според активистите оваа  инвестиција нема да ја уништи природата, но ќе предизвика туристички бум во целиот регион. Поврзување на езерскиот со планинскиот туризам, продолжување на сезоната  и вработување на  над 2.000 туристички работници.

Според проектот, жичарницата ќе  биде одалечена само 3 километри од центарот на градот. Тоа значи дека туристите,  ќе имаат можност да ја посетат планината преку целата година.

Нема достапен опис

-„Со оглед дека живееме во туристичко место освен езерскиот туризам летниот туризам, мора да развиваме и зимски туризам. Сезоната да ја продолжиме неколку месеци, затоа што тоа е приоритет на Струга. Така што добра работа е се што ќе се вложи во планинскиот туирзам“, вели Душко Шутиноски претседател на Здружението „РУПИКАПРА МТБ“ Струга

Ски центарот на Јабланица е  капитален проект вреден  околу 300 милиони евра. Оваа инвестиција ќе биде значајна за целиот регион.

-„ Тоа е и планот да се изградат ски патеки и жичара за да заживее локалното население подобро  во Горна Белица, Вевчани, Подгорци, Лабуништа и мислам дека тоа е добро. Има контрадикторност што од друга страна сакаме Јабланица да се прогласи Национален парк, а сакаме и ски лифт и жичара е тука тука треба да се најде заеднички јазик“, додава Шутиноски.

Со децении се најавува изградба на ски центар на Јабланица, изработени се неколку проекти но тие до денес се само на хартија.  Според градоначалникот Мерко овој проект станува реланост,   не постојат пречки за  реализација, веќе има неколку  странски компании кои сакаат да го  градат ски центарот.

 

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани