Продолжува доделувањето на канти за отпад

Продолжуваат активностите за доделување на канти за отпад на жителите на улиците „Кузман Шапкарев“, „Ѓорче Петров“ и дел од „Питу Гули” (парни броеви од куќи опфат бр.124-бр.402 и напарни броеви од куќи опфат бр.61-бр.101).

-Граѓаните ќе можат кантите да ги подигнат во просториите на Секторот за механизација при Ј.П. „Охридски Комуналец“лоциран на ул.„АСНОМ“ во период од 12.04.2023 год. до 11.05.2023 год., од 08.00 до 13.00 часот секој работен ден (од понеделник до петок).
Граѓаните при подигнувањето на кантите треба да приложат лични документи за идентификација од кои ќе биде видлива адресата на живеење и сметка за собирање, транспортирање и депонирање на комунален отпад од Ј.П.„Охридски Комуналец“, информираат од јавното претпријатие.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани