

Охриѓанец фатен со марихуана и шриц со непозната материја.
На 12.04.2023 во 16.30 часот на локален пат во струшкото село Мислешево, полициски службеници од ОВР Струга го лишиja од слобода Д.В.(45) од Охрид. при преглед кај него и во возилото „нисан“ со охридски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени марихуана и шприц со непозната материја. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.