

Реконструирано повеќенаменското игралиште во ОУ ,,Св. Климент Охридски” Охрид.
Даденото ветување на минатогодишниот традиционален фудбалски натпревар на повеќенаменското игралиште во училиштето “Св. Климент Охридски” целосно го исполнивме.
-Тогаш дадов ветување дека игралиштето ќе биде целосно реконструирано пред одржувањето на овогодинешниот традиционален фудбалски натпревар и тоа го остваривме. Игралиштето претрпи целосна реконструкција, ги заменивме оградите, спортските реквизите, трибините ги реконструиравме, а најважно од се е заменета на подлогата која беше во очајна состојба. Со тоа ова игралиште доби сосема нов лик, информира градоначалникот Пецаков.
Сега жителите на Стар град, а пред се учениците од ООУ “Св. Климент Охридски” имаат реконструирано игралиште достојно за сите потреби.