Сообраќајката се случила на патот кај село Евла – Центар Жупа

Полицијата со детали за сообраќајката, во која животот го загуби млад жител на Враништа.

-„На 16.04.2023 во 13.55 часот било пријавено дека на локалниот пат с.Елевци – с.Евла, Центар Жупа, патничко возило „фолксваген широко“ со струшки регистарски ознаки, управувано од М.М.(31) од с.Враништа, излетало надвор од коловозот. На местото на несреќата починал возачот, а смрт била констатирана од страна на лекар од Итна медицинска помош. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Дебар“, стои во билтенот на МВР.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани