Адвокатот Ќатоски поднесе иницијатива за измена на Законот за платите на функционерите

Адвокатот Глигор Ќатоски  од Струга поднесе иницијатива до сите парламентарни политички партии за измена на чл.11 од Законот за плата на избрани и именувани лица, со што основицата за пресметка на платата на фукционерите ќе се утврди како минималната исплатена месечна плата по вработен за претходната година.

Целта е фунцкионерите да покажат солидарност со својот народ во време на криза. Оваа измена на законот е оправдана поради економската криза, а воедно на овој начин ќе се изврши усогласување на платите на избраните и именуваните лица согласно станадардот во државата.

-„Етички и морално да се направи е функционерите да покажат доблест и солидарност со својот народ , да направат соодветни законски измени за да не го дозволат тоа покажување на платите, кое што е прилично големо“, вели Глигор Ќатоски адвокат од Струга.

Според правниците оваа измена е неопходна од причина што финансискиот надоместок на избраните и именуваните функционери не треба да биде основен стимул за висока државна функција, туку одговорноста да се придонесе за општото добро и јавниот интерес.

-„ На овој начин повторно функционерите ќе добиваат и повеќе од просечните плати но ќе покажат дека се солидарни со народот, а од друга страна ќе покажат и дека функцијата ја преземаат не заради финансиски привилегии туку заради чин одговорност“, додава Ќатоски.

Со одлуката на Уставниот суд на 21 март годинава се укинаа одредби од Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица, со што значително ќе се зголеми основицата за пресметување на плата на функционерите.

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани