На иницијатива на конзулот Филев, охридските маратонци одат на Белгард маратон

На иницијатива на Почесниот конзул на Р Србија во Охрид, педесеттина маратонци од Охрид ТрчаТ ќе бидат дел од Белградскиот маратон. За охридските тркачи конзулатот обезбеди 50 ноќевања за два денови и превоз. Спортската манифестација се одржува овој викенд, а целта е културно и спортско сплотување на двата народи. Тоа ќе придонесе за посебна кохезија не двете значајни спортски манифестации.

Нема достапен опис

-„Овие работи се најбитна спона меѓу народите за заедничко дружење, што ќе вроди плод на сите полиња, како и економијата. А секако и на една иницијатива на општините Охрид и Белград ќе се склучи уште едно поблиско поврзување со тоа што ќе работиме на побрамитување да станеме стратешки партнери во сферата на туризмот, економијата и нашите традицонални иделани односи кои ги имаме со векови а се покажаа и докажаа, а во иднина ќе бидат уште поцврсти. Нашите маратонци ќе бидат сместени во хотел Југославија а превозот ќе биде со нашиот партнер брендот АД Галеб“, вели Михајло Филев конзул на Р Србија во Охрид.

Спортот ги урива границите и ги зближува народите. Присуството на охридксите маратонци на Белградскиот маратон ќе биде почеток за подлабока соработка во иднина, велат од Охрид ТрчаТ.

-„Јас верувам дека ова ќе е почеток на една долгорочна соработка која што со тек на време не само преку нашето учество на Белград маратон, туку и преку учеството на белграѓани и Србите од цела Србија на Охрид ТрчаТ и сите спортски манифестации во Охрид ќе ја збогатиме нашата соработка и со тек на време ќе изградиме убаво пријателство , ко ќе биде на бенефит на двете држави“, вели Иван Цветкоски директор на Охрид ТрчаТ.

Нема достапен опис

-„На трките од 10 км и од 21 км ќе имаме наши учесници и на рекреативната трка од 2,7 км. Така да престојниот викенд од 20 ти до 23 април охриѓани ќе се дел од белградски маратон како што кажа и Иван таму ќе има над 10 000 учесници ова е рекорден број на учесници на Белград маратон и ќе ни биде чест и задоволство да го испромовираме не само Охрид ТрчаТ, туку воопшто и Охрид и Македонија. Оваа соработка ќе продолжи и во иднина со цел белгардските тркачи да бидат учесници и ан Охрид ТрчаТ и на сите спортски манифестации кои што се одржуваат во Охрид“ , вели Јоне Сранкоски од Охрид ТрчаТ.

На Белградскиот маратин ќе има и експо саем каде ќе се промовираат трките од целиот регион. На него се очекува да продефилираат повеќе од дваесет илјади посетители а Охрид ТрчаТ со брендиран штанд ќе го промовира градот Охрид со цел да се привлекуваат туристи.

ВИДЕО:

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани