Британците утрово се запознаа со традиционалниот охридски филигран

Британците утрово преку ТВ во живо имаа прилика да се запознаат со охридската култура и традиција. Преку најгледаната утринска емисија се запознаа со традиционалните занаети, изработката на филигран во Охрид.

За занаетот зборуваа Павлина и Петар Шикалески од ПС Филигрии Охрид.

Нема достапен опис

-„Имавме прекрасна можност да ја претставиме  традицијата и културата во живо на гледачите на најгледаната утринска програма во Англија „This morning“. Претставен во најдобро светло  македонскиот филигран и македонскиот рубин“, вели Павлина Шикалеска за ОхридНет.

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Новинарската екипа од Англија, од вчера на милиони гледачи   во живо им ги пренесува охридските убавини.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани