Две години се одолговлекува судскиот процес за струшката депонија

Две години се одолговлекува судскиот процес за струшката депонија. Постојано се одлагаат рочиштата, за судот не е приоритет загадувањето на животната средина и штетите по здравјето на луѓето, велат од Здружение на млади правници, кои ја поднесоа првата граѓанска тужба за дивата депонија.
Екологистите алармираат, проблемот со струшката депонија бара итно решавање, бидејки иминативе пет години нема никакво подобрување на состојбите со управувањето со отпадот.Се загадува почвата, воздухот и водата.

– „Одложени се над 80 илјади тони смет на таа депонија, Како одминува времето проблемот се зголемува., а со тоа се зголемуваат и трошоците за негово третирање и решавање. 0638Потребно е решение за регионална дпеонија , а од друга страна на териториторијата на Охрид, Струга и дебрца не треба да постојат никакви депонии со оглед на тоа што овие подрачја се заштитени од УНЕСКО“, вели Глигор Ќатоски застапник на Здружението на млади превници.

Загрижувачки се податоците од вештачењето за последиците врз здравјето на луѓето. Изминативе пет години во струшко има значителен пораст на заболени од карцином и распираторни заболувања.

-„Штетите се евидентни, ние имаме податоци од Институтот за јавно здравје Имаме евидентни порасти на малигни заболувања, компликации во бремености, предвремени породувања. И доколку не се реши проблемот се очекиува зголемување на ваквите компликации“, додава Ќатоски.

Со првата поднесена граѓанска тужба во земјава за загадувањето од струшката депонија тужени се општина Струга, јавното комунално претпријатие и министерството за животна средина, кои меѓусебно си ја префрлуваат одговорноста за решавање на проблемот.

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани