Охрид Трчат на Белград маратон, промоција на Охрид во Белград

На иницијатива и под поктовителство на Почесниот конзулат на Р Србија во Охрид, викендов педесеттина маратонци од Охрид Трчат учествуваат на Белград маратон.

Спортот ги урива границите и ги зближува народите. Присуството на охридксите маратонци на Белградскиот маратон ќе биде почеток за подлабока соработка во иднина, велат од Охрид ТрчаТ.

Нема достапен опис

Во рамки на експото на Белградскиот маратон што се одржува на саемот во Белград, поставен е штанд на кој се промовира атлетскиот викенд Охрид трчаТ, кој традиционално ќе се одржи првата недела од месец јуни.

Почесниот конзул на Србија во Охрид, Михајло Филев,  деновиве има интензивни средби со претставници на Град Белград, пратеници и други општествени фактори.

Тој се сретна со заменичката градоначалник Весна Видовиќ, како и со пратеникот Иван Кариќ, а присуствуваше и на патронатот на локално училиште кое е збратимено со охридското училиште „Кочо Рацин“.

Нема достапен опис

-Збратимувањето помеѓу Белград и Охрид, за што има желба и иницијатива од двете страни, како и поддршка од градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков, ќе го реализираме во наредниот период, откако ќе бидат завршени сите процедури и ќе бидат донесени соодветни одлуки на градските органи. Тоа ќе биде уште една можност да ја продлабочиме соработката помеѓу двата града, но и помеѓу двата народа, дотолку повеќе што српските туристи се едни од најбројните во Охрид, а тоа отвара големи можности за сите нас. – истакна Михајло Филев.

Нема достапен опис

Извор ОхридЊуз

Фото Горан Момироски

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани