

Плановите да се имплементираат и во пракса, а не само на хартија ова го порача претставникот на Бернската конвенција после средбата со градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков и претсавниците на другите надлежни институции кога е во прашање заштитата на регионот. Меѓу приоритетните забелешки е Студенчишкото блато,дивоградбите на крајбрежјето и заштитата на езерото. Одречно “Не” за изградба на марина во Студенчишкото блато или за две три години истото ќе исчезне рече Андреј Шовинц.
,, Проблемите нема да се решат само на хартија, на пример блатото ќе исчезне за 2,3 години ако не се сопре недозволената урбанизација. Идејата за изградба на марина треба целосно да се отфрли бидејќи е штетна.Ситуацијата во Струга пак е уште потешка,таму има многу дивоградби, ќе се обидеме утре да објасниме со струшкиот градоначалник дека според Унеско и за Бернската Конвенција може да има развој и туризам но да не се загрози наследството не може по секоја цена да има масовен туризам. Може да има компромис но не под ова темпо, ова е погубно и не смее да се случува. Во Струга ќе предложиме да се управува со светското наследство правилно според препораките. Имате се како што треба но за жал се е само на хартија.”- Андреј Шовинц – Бернска конвенција.
Градоначалникот Пецаков изрази задоволство од состанокот, со ветување дека препораките ќе продолжат да се исполнуваат.
– Заедно со сите надлежни институции, во текот на изминатиот период сериозно работиме на подобрување на капацитетот за ефективно спроведување на сите препораки за соодветна заштита и успешно надминување на сите проблеми кои се таложеле години наназад.
Се надевам дека на оваа денешна средба ќе оствариме конструктивна и позитивна дискусија преку која уште еднаш ќе ги посочиме приоритетните мерки и ќе ги потврдиме нашите определби во насока на исполнување на препораките на УНЕСКО. Исто така од вашата денешна посета очекувам да добиеме реална и независна проценка на состојбата и мерките кои понатаму ќе треба да се преземат за зачувување на светското природно наследство во регионот на двете страни на Охридското Езеро и на планината Галичица.
Сметам дека само заеднички, преку јасно дефинирана стратегија, координирани активности, меѓуопштинска и меѓугранична соработка, можеме да обезбедиме заштита и одржлив туристички развој на крајбрежјето. Затоа е потребно сите општини од брегот на езерото, подеднакво да се вложат и да преземат конкретни чекори кои ќе бидат во полза на целокупниот процес за зачувување на природното наследство.
Заштитата на животната средина е еден од најважните приоритети на Општина Охрид. Продолжуваме да преземаме важни чекори за обезбедување на поголема заштита и зачувувањето на биолошката разновидност. Ова особено се однесува на третманот и одведувањето на отпадните води од крајбрежните населби и отстранување на сите критични точки.
Она што природата ни го подарила како богатство, а светот го препознава како светско природно наследство, обврзани сме да го сочуваме за идните генерации. Токму затоа заедно со останатите наделжни институции ќе продолжиме да ги вложуваме сите наши професионални и политички капацитети за остварување на таа цел, истакна Пецаков во своето обраќање.
Во оваа експертска посета е предвидена обиколка на Националниот парк „Галичица“, Студенчишко Блато, областа кај Свети Наум и крајбрежјето на Охридското Езеро а утре посета на Струга и крабјрежјето.
Адријана Митеска Момироска ТВ 24