

Ќе се подобрува комуналната инфраструктура во општина Вевчани.
-Во текот на 2023 година подготвивме и аплициравме повеќе проекти до различни институции и донатори.
Дел од институциите завршија со евалуација на проектите и започнаа со објавување на одлуки за финансирање на проекти во општините. Во рамките на Програмата за намалување на диспаритетите меѓу и во рамките на планските региони и зголемување на регионалната конкурентност за 2023 година на Министерството за локална самоуправа обезбедивме средства за развој на комуналната инфраструктура во општина Вевчани, односно за изградба на канализациона линија, информира градоначалникот Спасе Кочоски.