Експертите  порачаа: Струга да ги почитува препораките за заштита, Мерко вели се почитуваат

И Струга мора да го почитува препораките за зачувување на статусот на Охридскиот регион, како светско природно и културно наследство, порачаа експертите од Бернската и Рамсарската конвенција и Унеско, кои денес беа во посета на струшкиот регион. Според нив бројот на дивоградби во струшко е голем, мора да сопре претераната урбанизација и да изнајде начин за развој на одржлив туризам.

Една од препораките за Струга, но и за целиот регион е да се направи тело, кое на терен ќе управува со светското наследство во регионот и ќе ги спроведува сите препораки од еминентните конвенции и Унеско.

-„Струга е дел од Охрид, тоа не е различно подрачје, така што ќе се обидеме да објасниме дека може да има развој, може да има туризам, само дека ќе мораме сите, значи и оние кои се занимаваме со тоа подрачјето да опстане како исклучителна природна и културно наследство , но и оние кои гледаат некаков напредок само во масовен туризам или градби ќе мора да изнајдеме заеднички компромис“, вели Андреј Шовинц – Бернска конвенција.

Сите добронамерни критики се добредојдени, вели градоначалникот Мерко, кој додава дека локалната интензивно работи на зачувување на природното и културното наследство. Првиот човек на Струга подвлекува дека покрај заштитата мора да се овозможи развој на туризмот.

-„Секоја сугестија ќе ја прифатиме како да ја сочуваме природата, неминовно. Но, мора да го гледаме и другиот дел економскиот развој на градовите. Овие градови опстојуваат со туризам. Овие градови оспстојуваат со користење на тие води на тоа езеро“, вели градоначалникот Рамис Мерко.

Мерко вели во струшко нема загадување на Охридското Езеро, целото крајбрежје е покриено со колекторски систем освен од Елен камен до Радожда, но и тој проект наскоро ќе отпочне.

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани