

Познатото охридско кафуле „Конект Бар“ слави 10 години постоење. По повод овој значаен јубилеј сопствениците најавуваат голема роденденска забава.
-Почитувани Драги наши гости и соработници! Со гордост го објавуваме нашиот јубилеен 10 годишен роденден. Имавме многу среќни и незаборавни моменти во годините наназад, но сега е време да го прославиме овој роденден заедно.
За таа цел тимот на Connect Bar Ве поканува на 30.04 во 21ч, заедно со Вас да го одбележиме овој настан кој за нас е од огромно значење. Ние сме задолжени за забавата, а Ваше е само да понесете насмевки на Вашите лица и добро расположение. За овој наш јубилеј ангажиравме професионални и прекрасни музичари, а тоа се DUO DIS+ Bend, познати Охридски музичари како и 10% попуст на целиот наш асортиман од брендовите Прилепска Пиварница, Далвина Вино, Пелистерка и Бар кафе 2000 и други.
Ние Ви ветуваме дека ќе бидиме со Вас како и досега уште многу години секоја година се подобри и поуспешни и секогаш тука за Вас. Вашиот CONNECT BAR – The best in town“, велат менаџерите.