

Се заштитува античката печка на патот кон Свети Наум.
-„Во тек се активности за реализација на проектот „Тековно одржување на античката печка“ финансиран во рамки на Годишната програма за проекти финансирани од Министерството за култура. Античката римска печка е на две нивоа, од кои првото ниво служело како ложиште, додека пак, второто ниво служело за производство на тули. Оваа печка се наоѓа на пет километри од градот Охрид, на патот за Свети Наум Охридски. Санирачките работи ги изведе Ванчо Димоски – конзерватор вработен во НУ Завод и Музеј- Охрид“, информираат од Завод и музеј Охрид.
ВИДЕО: