

Струга со нови патишта ќе ги чека туристите ова лето. Завршува изградбата на патниот правец Подмолје – Струга. До крајот на мај ќе заврши рехабилитација на магистралата кон Ќафасан до селото Мали Влај. Се подобрува и сообраќајната инфраструктура во градот и руралните средини.
Мерко вели оваа сезона нема да има метеж во сообраќајот и ќе се озбезбедат дополнителни паркинг места.
-„Пат што го поврзува Борис Кидрич со Мороишта со Свети Спас се работи го отпочнавме пред три ендели. Ќе биде меѓу подобрите патишта во руралните средини, со тоа што во лето ни ја растеретува гужвата“, вели градоначалникот на Струга Рамис Мерко.
До средината на јуни, пред Самитот на Преспа и кејот на реката Црн Дрим ќе добие нов лик, ќе се поплочува со природен мозаичен камен.
-„ На 15 и 16 јуни ќе се одржи самитот на Преспа, каде што ќе додаѓаат стотина амбасадори, претседатели на држави, премиери. Сакаме до тогаш да го уредиме десниот дел на кејот шеталиштето со убав квалитетен мозаичен камен“, вели Мерко.
Пред почетокот на сезоната ќе заврши и уредувањето на населбата „Езерски лозја“,каде привршува изградбата на новата пешачка патека со зеленило и паркови.
Новинар Соња Рилковска