

Три лица истепале 27 годишник од Охрид.
-На 30.04.2023 во 05,20 часот во Полициска станица Охрид К.С.(27) од Охрид пријавил дека околу 03,30 часот во угостителски објект во Охрид бил физички нападнат од Д.П.С., А.П. и уште едно лице од Охрид. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.