Стендап-претставата „Влези, не се соблакај“ на репертоарот во Охрид

Стендап-претставата „Влези, не се соблакај“ гостува во НУЦК Григор Прличев- Охрид, во петок 05.05.2023 година.

Претставата е исповед за животот на Весна Петрушевска, во ко­ја во час и половина низ солзи и смеа се раскажуваат нејзините подеми и падо­ви, како и најзначајните моменти од нејзиниот жи­вот, дет­ството, мла­доста, мажачката и инцидентот со автомобилот што ѝ падна во Вардар.

Актерката низ хумор раскажува како го запознала и се венчала со својот поранешен сопруг, но и за врската со помладото момче, со кого откако раскинала, ослабнала 20 килограми. Раскажува и за тешките моменти на својот живот и за тоа како никогаш не верувала дека ќе падне во клиничка депресија.

Карти на билетара по цена од 250 денари секој работен ден, почеток 20.00 часот.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани