Ученици од Крагуевац Србија во посета на Охрид

Ученици и професори од Крагуевац Србија во посета на Охрид. Остварија средба со конзулот Филев.

Можно е да е слика од 12 луѓе и езеро

На огромно задоволство,во посета на Охрид, Македонијa и Почесниот конзулат на Р.Србијa  во Охрид, беа педесетина учениците од Средната стручна школа од Крагуевац Р.Србија предводени од нивните професори и ценети наши драги пријатели Нада Петровиќ, Дејан Илиќ, Саша Мутавџиќ, Милан Габриќ, Јован Диниќ. Прекрасната атмосфера, дружењето и конструктивниот разговор ни го збогати со неговото присуство почитуваниот претставник на Општина Охрид од Секторот за спорт,млади и невладини организации Димитар Спасески. Охрид и Крагуевац се збратимени градови кои хармонично и братски функционираат на сите полиња.Ги разгледавме сите опции и предлози кои ќе помогнат за уште поголема соработка на полето во туризмот, економијата, науката, итн, информира Почесниот конзул на Р. Србија во Охрид Михајло Филев.

Можно е да е слика од 9 луѓе

Ќе се збратимуваат средните стручни училишта од Охрид и Крагуевац.

-Првиот чекор на взаемно задоволство и со поддршка од градовите ќе биде збратимување на Охридското средно училиште ОЕМУЦ Св.Наум Охридски со Средната Стручна Школа од Крагуевац, кои ќе соработуваат и ќе се дружат меѓусебно во многу заеднички проекти, размена на искуства и знаења.Тоа позитивно ќе влијае во создавањето на професионален квалитетен кадар и убава светла иднина на младите луѓе од двете братски држави и регионот кои ќе бидат уште една силна потпора од цврстиот мост низ векови создаван помеѓу народите, составен од љубов, почит, слога, разбирање, додава Филев.

Можно е да е слика од 11 луѓе и толпа

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани