

Голем број поплаки од граѓаните до Организацијата на потрошувачи во Охрид. Едни цени на рафтовите во маркетите, а други повисоки на каса. Непочитување на замрзнатите цени на прехрамбените производи и продавање на продукти без декларација се дел од поплаките кои охриѓани ги упатуваат до општинската организација на потрошувачи.
-„Имаме жалби за технички сложени производи во однос на гаранцијата и гарантниот рок. При што не им бил сервисиран производот во гарантен рок. Во рок од 30 дена производот мора да биде сервисиран, ако го надмине овој рок имаат право да го вратат производот, да го заменат со нов или да им бидат вратени парите“, вели Вангел Спироски од ОПМ Охрид.
Онлајн трговијата расте, а со тоа растат и измамите. Организацијата на потрошувачи секојденвно добива поплаки за купување преку интернет, нарачале едно а добиле сосема друг производ.
-„Најчесто ако се тоа страни на фејсбук, на интернет, немаат за жал никаков доказ дека го купиле тоа, немаат фискална сметка и нема каде да се пожалат, односно единствен начин е да се пожалиме во пазарна инспекција или да го пријават тоа во полиција во одделението за интернет криминал за да се забрани или банира таа страна“, додава Спироски.
Организацијата на потрошувачи апелира, купувачите да бидат внимателни при пазарење на интернет. Да нарачуваат само од страници кои имаат фирма, седиште и издаваат фискални сметки.
Новинар Соња Рилковска