

Почесниот конзулат на Р. Србија во Македонија со седиште во Охрид, по повод случувањето на немилите настани во Р. Србија во Белград училиштето Владислав Рибникар и Младеновац изразува длабоко сочуство до семејствата на трагично загинатите.
Посакуваме брзо и лесно опоравување на сите повредени лица. Изразуваме силна емпатија, солидарност, сплотеност до Српскиот братски народ и Р.Србија.
– Ги повикуваме граѓаните на 07.05.2023 во 11 часот на Градскиот плоштад Св. Климент Охридски во Охрид заедно да одадеме почит на жртвите и да одиме во 12 часот во црквата Св. Богородица Перивлепта стар град каде ќе се одржи панихида за трагично починатите граѓани, информира Почесниот конзул на Р.Србија во Македонија со седиште во Охрид м-р Михајло Филев.