Хроничната кашлица кај децата денес е еден од најчестите предизвици

Хроничната кашлица кај децата денес е еден од најчестите предизвици кои ги погодува матичните лекари, педијатрите и родителите. Таа може да биде симптом на многу сериозни состојби и компликации со трајни последици. Токму на оваа тема над 230 експерти од светот деновиве дебатираат на првиот симпозиум, што се одржува во Струга.

Целта е да се разменат искуства за подобра дијагностика, поефикасен третман и лекување на најмладите.

Нема достапен опис

-„Мора мултидисциплинарен тим, мора тимови да има, никој сам не може ништо да направи, можеме само заеднички. Самата заедница со останатите колеги од Балканот , меѓутоа и европската заедница се од големо значење за напредок на самата технологија процедури, терапии и тн“, вели д-р проф. Татјана Јаќовска претседател на Македонското педијатриско респираторно здружение.

Во однос на недостигот на педијатри во Југозападниот регион во земјава, од педијатриското здружението велат инетрес кај младите лекари за оваа гранка има, моментално во земјава има стотина специјализанти.

Нема достапен опис

-„Ние имаме многу специјализанти околу стотина специјализанти по педијатрија имаме, таа трае околу пет-шест години долго трае. 0330Има некаде дефицит можеби тоа се периоди знаете каде што имаме луѓе кои одат во пензија а овие не се доизградени тоа се мали вакуми кои ќе се стабилизираат“, додава Јаќовска.

Професорите очекувааат дека ќе се надмине недостигот на лекари специјалисти во земјава, велат не секој се одлучува да замине во странство.

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани