Со панихида и палење свеќи Охрид изрази сочуство за жртвите во Србија

Охриѓани, српската заедница во Охрид како и туристи денеска, во организација на почесниот конзулат на Р Србија во Македонија со седиште во Охрид, на градскиот плоштад „Св Климент Охридски“ оддадоа почит за жртвите во Белград и Младеновац. Граѓаните палејќи свеќи пред црквата на плоштадот изразија тага за загинатите и сочувство до нивните семејства и до народот на Србија.

„Испраќаме порака до народот на Србија во овие тешки мигови дека народот на Македонија е со нив. Изразуваме искрено и длабоко сочувство за загубените животи, силна емпатија и солидарност. Посакуваме брзо и лесно опоравување на сите повредени лица.“– кажа Михајло Филев, Почесен конзул, пренесе ТВМ. 

Во црквата Богородица Перивлепта на пладне се одржа панихида за трагично починатите граѓани.

Денеска е трет ден на жалост во Србија која е завиена во црно и ги погребува жртвите на двата масакри. На 3 мај во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, седмоодделенец уби осум ученици и еден обезбедувач, а рани шест ученици и еден наставник, со истрели од пиштол, а на 4 мај, во вечерните часови во околината на Младеновац и Смедерево, 21 годишник со калашников застрела осум млади лицаи рани уште 14 жители на околината.

ФОТО Power info

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани