Продажбата на станови во Охрид зголемена за 50%

После Скопје, најбарани се становите и недвижностите во Охрид. Продажбата на станови во главниот туристички центар е порасната за 50 проценти, но исто толку е зголемена и цената за метар квадратен. Агенциите за недвижнини посочуваат на манипулации на пазарот на ндвижности, велат поединци, моќници, купуваат станови за една цена, а после ги препродаваат за двојно повеќе.

-„Моќници купуваат станови и истите тие станови ги препродаваат најмалку со разлика во цена од 200 до 400 евра по квадрат и после доаѓаат до цена од 1500/1600 од нив не доаѓа од инвеститорот таа цена. Сега се поставува прашањето до кога ќе трае ова лудило на цени, претпоставувам  се додека има побарувачка“, вели Никола Иванчиќ сопственик Агенција за недвижности.

Цената на становите во Охрид денес изнесува од 1000 до 2000 евра за квадрат зависно од локацијата и староста на објектот. Агентите не очекуваат цените понатаму да се зголемуваат.

„Реалната цена на недвижностите конкретно во Охрид е порасната со повеќе од 50 % Тоа значи ако на влезот во Охрид пред три години било почетна 700 евра квадрат сега тие станови се 1200/ 1300 евра. Цената зависи и од локацијата и од градбата, што за одредена група на инвеститори и затоа се овие цени. Воедно побарувачката е многукрано зголемена за разлика од понудата“, додава Инанчиќ.

Интересот за инвестирање во недвижнини е се поголем и од странските туристи.  Поради зголемената побарувачка, а се по строгите препораки на Унеско изминативе години се јавува  недостиг на објекти за продажба.

 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани