Сто и седумдесет ученици ги завршија почетните бесплатни курсеви во Младинскиот центар Охрид

Сто и седумдесет ученици ги завршија почетните бесплатни курсеви во Младинскиот центар Охрид.

-„Нашите обуки се доближија до крајот. После три месеци (почнавме на 13 февруари 2023), 170 ученици од основните училишта од Охрид, Струга и Дебрца ги завршија почетните бесплатни курсеви за различни програмски јазици Scratch, Python, C++, и за WordPress и Microsoft Word. Голема благодарност до Macedonia2025 @macedonia2025 што ни беа партнери и ги овозможија обуките. И посебно им се заблагодаруваме на наставничките Горица Дуцкиновиќ, Лизана Зиба и Марија Пупиноска Гогова што се посветија на обуките и сите деца останаа до крај на обуките. Визијата на Касарна Хаб е овие обуки да продолжат и понатаму, од септември, за што ќе ве информираме на сите кои сте оставиле емаил, и секако преку ФБ и инстаграм“, информираат од Младинскиот центар Охрид.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани