Во Вевчани се одржа Генералка викенд

Денес на територијата на општина Вевчани се случи еден поинаков петочен ден, под мотото „Генералка викенд“ поддржана од ЈП Еремја и Општина Вевчани.
Општина Вевчани во соработка со компанијата МАН и МАУНТЕН потпишаа меморандум за соработка за реализација на иницијативата за чистење на општината што се организира денес, 12.05.2023 година.
Во акцијата се приклучија децата од Општинското основно училиште “Страшо Пинџур” Вевчани, децата од детската градинка ЈОУДДГ “Планински цвет” Вевчани, други институции, невладини организации и волонтери, информира градоначалникот Спасе Кочоски.
Овој проект е организиран на државно ниво во 53 општини во РМ и ќе трае до 2031 година, а истиот е поддржан од Министерство за животна средина и просторно планирање и Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Пивара Скопје, Пакомак, Нула Отпад и Life Sparkasse Bank.

Можно е да е слика од 5 луѓе

Можно е да е слика од 4 луѓе

Можно е да е слика од 3 луѓе, автомобил и пат

Можно е да е слика од 5 луѓе и пат

Можно е да е слика од 7 луѓе, трева и пат

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани