

Во пресрет на летната туристичка сезона, општина Охрид започна активности за уредување на јавните површини на територија на Општината. Во тек се активностите за санација на кружните текови, пешачко – рекреативните патеки, мини плоштади и паркови.
-На кружните текови веќе се санираат елементите што се оштетени и недостасуваат, а дополнително се санира и осветлувањето. Во моментов активности за санација се одвиваат на пешачката патека Студенчишта – хотел Парк и на плоштадот кај музичкото училиште. Во наредниот период продолжуваме со санација на пешачката патека Канео – Лабино и со уредување на зелениот појас долж Булеварот Туристичка.
Вредноста на овие активности изнесува 2 800 000 денари, а средствата се обезбедени од буџетот на Општина Охрид, нформира градоналакникот Кирил Пецаков.