Годишен концерт на КУД „Дримкол“ Вевчани

Вечерва во Домот на културата во Вевчани, КУД ,,Дримкол,, ќе го одржи својот годишен концерт кој традиционално секоја година се одржува во периодот помеѓу Велигденските празнувања и Педесетница. На концертот учество ќе земат сите фолклорни ансамбли на друштвото, изворниот и народниот оркестар, пејачката група ,,Каданка,, преку вокални изведби на нејзини солисти како и членови на патувачкиот театар од Вевчани.
– Годишниот концерт за нас претставува голем настан, бидејќи се случува во Вевчани и пред нашите Вевчанци кои секогаш со восхит не следат и поддржуваат. Но, нивните очекувања од нас секоја година се поголеми, па токму затоа годишниот концерт на Дримкол е и голема одговорност. Оваа година темата на концертот е убавината на нашата земја, односно презентација на се што е убаво преку игра, песна, видео проекции како и преку дијалог на мајката и ќерката кои одлучиле да се рашетаат низ нашта земја богата – изјави Наташа Кукоска, етнолог, дел од уметничкиот совет на друштвото.
Поради големиот интерес кај публиката за овој културен настан, КУД ,,Дримкол,, одржува по два концерти со почеток во 18,00 часот и 20,00 часот. Низ годините наназад, со сигурност може да се забележи дека ова друштво на своите концерти секоја година обработува различни теми со силни пораки и на еден посебен и автентичен начин прави одличен спој на песната, орото, музиката и театарот.
Оваа година концертот е поддржан од министерството за култура на РСМ како проект од национален интерес на нашата земја.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани