Пет лица повредени во сообраќајка кај Сатеска

На 13.05.2023 околу 22.30 часот на регионалниот пат Охрид-Струга, во близина на мост на реката Сатеска, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничките возила „опел“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Н.Ј.(34) од Струга и „ауди“ со охридски регистарски ознаки, управувано од И.Б.(37) од охридското село Љубаништа. Притоа, возачот Н.Ј. и неговата сопатничка А.Ј.(35) од Скопје се здобиле со тешки телесни повреди, додека сопатникот во истото возило Т.П.(33) од Вевчани, И.Б., која го управувала возилото „ауди“ и нејзините сопатнички С.Т.(29) и М.Н.(32), двете од Охрид, се здобиле со телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“, информираат од МВР.

По наредба на Јавен обвинител, увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на ОВР Струга.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани