

Ваднализам, наместо катче за подигнување на еколошката свест, непознати сторители ја демолирале зелената училница во НП Галичица.
Расфрлан отпад, шкртаници откорната маса, е дел од сликата.
-Зелената училница е дел од едукативната патека “Галичица на дланка”, која е во рамки на годишната Стратегија за еколошка едукација на Јавната Установа Национален парк Галичица.
Зелената училница е наменета пред се за еколошка едукација, но и за одмор, релаксација и за уживање во преубавиот поглед кон градот Охрид. И додека ЈУНПГ активно делува во полето на еколошка едукација и до сега успеа да едуцира повеќе од 2000 ученици во Охридскиот регион, постапките на младите генерации и понатаму не оставаат без зборови. Изминатата година со љубители на планинските спортови и наши соработници, ја реализиравме кампањата”Грижата за паркот е заедничка обврска и ги посетивме сите средни училишта во градот Охрид, со надеж дека ваквата слика ќе стане минато. Но, залудно, пишуваат од НП Галичица.
Од националниот парк најавија повторно уредување и поставување на видео надзор.
-Оваа слика, за жал е честа во НП Галичица. Зошто постојано си ја уништуваме природата?
Зелената училница ќе биде обновена и приспособена повторно за едукативни работилници, а ќе биде обезбедена и со ВИДЕО НАДЗОР‼️‼️‼️‼️ До тогаш останува прашањето,
КАДЕ ПОГРЕШИВМЕ за младата генерација вака да и возвраќа на природата?, пишуваат од националниот парк.