

На 16 мај 2023 година, во градот Гостивар, се одржа 21-та регионална ревија на песни,музика и игри од 8. Регион во организација на СЗПМ на која домаќин беше ЗП Гостивар.
На ревијата учествуваа 80 пензионери од ЗП Охрид и Дебрца, ЗП Струга, Вевчани, Лабуништа, Македонски Брод, Кичево и ЗП Дебар и Центар Жупа и домаќинот ЗП Гостивар.
На ревијата присуствуваа претставници од СЗПМ и тоа Илија Адамоски, претседател на Собранието, кој истовремено ја поздрави ревијата и ја прогласи за отворена.
На почетокот пригодно обраќање имаше претседателот на ЗП Гостивар Нихази Џелали, како домаќин.
На 21 –та регионална ревија на песни, музика и игри во Гостивар, Струшкото здружение на пензионери настапи трето по ред со прекрасната изведба на пеачката група, која ги испеа трите песни: Дали думаш либе, Седенка се збира и Една младост кај Струга, со кои ја вводушевија публиката со убавиот настап, во Домот на културата АСНОМ во Гостивар.


По завршувањето на настапот на сите здруженија, претседателот на ЗП- Гостивар Нихази Џелали, во името на СЗПМ како организатор на ревијата им додели Благодарници за учество на 21-та регионална ревија од осмиот регион на сите претседатели од здруженијата на пензионери учесници.
Ревијата ја следеше, селекторот Томче Стојков.
Заедничката дружба продолжи со песна и игра во хотелот „Албис“ до доцна по пладнето,каде што се играше и пееше.
Текст и фото: СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ