Белчишкото Блато “Сини Вирој” е таргетирано како идно европско заштитено подрачје

Во Белчишта -Белчишко Блато, во понеделник ќе се одбележи 22 Мај – Светскиот ден на биолошката разновидност и Денот на Натура 2000.

На настанот свое обраќање ќе имаат Каја Шукова, министерка во Министерството за животна средина и просторно планирање, Дејвид Гир, амбасадор на ЕУ во Македонија и  Даниел Богнер, тим лидер на проектот „Подобрување на капацитетите за Натура 2000 и CITES“,

Белчишкото Блато “Сини Вирој” е таргетирано како идно европско заштитено подрачје во рамките на Натура 2000. Преку Министерството за животна средина и просторно планирање во тек е постапка за прогласување на блатото за заштитено подрачје од категорија Парк на природата.

Настанот по повод Светскиот ден на биолошката разновидност е организиран во рамки на проектот „Подобрување на капацитетите за Натура 2000 и CITES“,финансиран од Европската Унија, со поддршка на Министерството за животна средина и просторно планирање и Делегацијата на Европската Унија.

Извор ТВМ

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани