Повреден моторциклист во сообраќајка на крстосница

Повреден моторциклист во сообраќајка на крстосница.

На 19.05.2023 во 18.25 часот во СВР Охрид, пријавено е дека на крстосница од улиците.„Железничка“ и „Абас Емин“ во Охрид, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, управувано од И.В.(47) од Охрид и мотоцикл „априлија“ со германски национални ознаки, управуван од Д.Д.(39) од Охрид. Во несреќата мотоциклистот Д.Д. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во болницата за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“ во Охрид. Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Охрид, информира портпаролот Стефан Димоски.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани