Остри реакции на градежните зафати во Охридското Езеро кај Дрилон Тушемиште

Остри реакции од македонска страна за градежните зафати  во близина на изворите Дрилон, кај Тушемиште Албанија, на брегот на Охридското Езеро. Ова следува откако, вчера  премиерот на Албанија Еди Рама  на својот фејсбук  профил објави фотографии од проектот изградба на патеки и марина во строго заштитеното подрачје во  самото езерото.  Македонските власти велат не се запознаени со проектот. Министерката за животна средина вели дека до Владата досега не е стигната никаква најава за овој проект иако имале состаноци и разговори со албанската страна, најави дека ќе реагираат соодветно бидејќи целиот тој проект се коси со препораките на  Унеско.

-,, За секоја една активност која што е во рамките на Охридското Езеро прво треба да бидеме информирани тоа е прво, а второ навистина треба да внимаваме што правиме и македонската и албанската страна.Не треба да си дозволиме понатаму да одиме со нови објекти кои што ќе го загрозуваат Охридското езеро а секако основа за тоа треба да биде комуникацијата, и мислам дека час поскоро треба да направиме ние  бидејки албанската страна не не информираше треба да видиме ние кои се плановите “,  изјави Каја Шукова министер за животна средина.

Можно е да е слика од 2 луѓе и текст кој вели „CAT CAT“

Од Охрид СОС велат дека уште еднаш на дело се покажува немањето волја за реално зачувување на исклучителните универзални вредности на регионот. Двете држави се должни заеднички да го штитат Охридското Езеро, ниедна не смее  да прави работи на своја рака без да претходат консултации со сите релевантни институции.

Можно е да е слика од план на објект и нацрт

-,,Македонија  и Албанија имаат воспоставено еден заеднички комитет во рамките на Унеско каде што сите проекти кои би биле поврзани со Охридското езеро треба да се договараат заеднички  со консензус,така што за било која интервенција значи мора да се праша и македонската страна и обратнои според она што Унеско го бараше тие забранија секакви интервенции да се вршат на брегот независно дали е македонска или албанска страна”,  изјава Ѓоко Зороски екологист

Албанскиот дел од Охридското Езеро беше ставен  на листата на УНЕСКО, пред четири години.

 

Новинар Соња Рилковска

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани