Со концерт во Света Софија започна празнувањето на Денот на словенските просветители

Синоќа  со концерт на гудачкиот ансамбл „Антео“, во црквата Света Софија во Охрид, отпочна дводневното одбележување на 24 Мај – Денот на сесловенските просветители, Светите Кирил и Методиј.

На концертот присуствуваа премиерот Димитар Ковачевски, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, директорката на „Охридско лето” Наташа Поповиќ, пратеници, професори, научници, лингвисти, книжевници.

Нема достапен опис.

Ансамблот „Антео”, изведува музика на светот и ја инкорпорира во македонското звучно милје во кое се вткаени традицијата и современоста.

Нема достапен опис.

Музика која е авторска, но која во себе содржи влијанија од музиката родена под поднебјата на Франција, Шпанија, Балканот – или спој од западните класични вредности во фузија со богатиот фолклор на различните народи кои живеат и творат на македонската почва.

„Антео” свират музика со жар и страст, со разновидна ритмика и впечатливи мелодии кои создаваат слика на живописен пејзаж.

Нема достапен опис.

Во Охрид – балканскиот Ерусалем и седиштето на Охридската Архиепископија, преку низа настани ги празнуваме ликот и делото на основоположниците на словенската писменост, Светите Кирил и Методиј и нивната непроценлива хуманистичка и космополитска мисија.Овој голем ден се одбележува и слави повеќе од век и половина во словенскиот свет, како ден на културата и просветата, стои во сооптштението на Владата.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани