Мицкоски од Охрид: Светите браќа Кирил и Методиј се нашата светлина, нашиот прозорец кон светот,

Светите браќа Кирил и Методиј кои оставија неизбришлива трага врз развојот на Македонскиот и останатите словенски народи, се нашата светлина, нашиот прозорец кон Светот, нашето непроценливо богатство кое со голема надеж и со огромна волја и го предаваме на човештвото, истакна лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски денес во катедралната Света Софија во Охрид.

May be an image of 6 people

„Тие му припаѓаат на цивилизираниот свет, и ние како нивна колевка, како и земја и народ од кој потекнува тоа семе, овие просветители целосно се согласуваме да се слават од сите народи во цивилизираниот свет на кој му подарија слово, букви, писменост и просветление. Но воедно, дозволете да бидам подеднакво гласен и да не се согласам со ирационалноста на политиката на источниот сосед кој негира секаква наша поврзаност со овие свети браќа и нашето човечко и цивилизациско право да се потпираме на нивното дело и да полагаме право на нивното наследство. И во тие нивни негаторски политики не само што нема никаква историска поткрепа, туку се повеќе станува очигледно дека нема темел на кој се потпира оваа Македонија и народ кој не сакаат силно да го затресат“, рече Мицкоски.

May be an image of 7 people

Тоа се добротворите на најсилното оружје кое еден народ може да го има во своите раце- писменоста, како средство за борба против незнаењето, словото како светлина која овозможува народите да прогледаат и да застанат на свои нозе, и да ја осознаат и ценат својата самобитност. Нека е вечно делото на Св. Кирил и Методиј, милениумско дело и завет.

Порача дека не треба да се разочара народот кој е во апатија, да се покаже дека има многу повеќе шанси зад темниот хоризонт кој мора како што рече, заедно да го менуваме.

„Лошата вест е што врхушката на општеството е фрагментирана и драматично поделена за сите прашања и теми за кои мора да постои единство. Сите мои предупредувања и повици за национално единство за важните теми за Македонците за жал се одбиени од другата страна, а кога постои неединство, тие кои го сакаат туѓото, единствено ја користат таквата необединетост. И кога нема мудрост и разбирање за национално единство кај носителите на власта, тогаш јас повикувам на единство на народот и национално обединување. И воедно ние како политичка партија и јас лично ја прифаќаме улогата да бидеме на браникот пред сите налети на национално обезличување, опустошување и обезличување“, порача Мицкоски.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани